Природен детергент

(7 Прегледи на корисник)

Price range: 350 ден through 600 ден

Природен течен детергент за алишта — 2,5 л

Детергент кој работи. Без да те компромитира.

Направен од само неколку природни состојки — без парабени, без сулфати, без ендокрини дисруптори. Безбеден за деца, нежен за чувствителна кожа и пријател на животната средина.

Состав: Природен сапун од растителни масла, сода за перење, вода и етерични масла.

Зошто овој детергент?

  • Без штетни состојки кои се наоѓаат во комерцијалните детергенти
  • Погоден за сите возрасти — вклучувајќи новороденчиња
  • Нема потреба од омекнувач — алиштата се меки и мирисаат на чисто. Чиста заштеда.
  • 2,5 л = 41 перење при доза од 60 мл во барабан
  • Стаклена амбалажа која може да се врати за реупотреба
  • Со секоја нарачка добиваш бесплатен прирачник Low Tox Дом (50 стр.)

Дозирање: 60 мл директно во барабанот. Немаш дозерка? [Додај дозерка — 50 ден. →]

Достава: Бесплатна во Струмица, Валандово, Гевгелија и Богданци. За останатите градови — брза пошта.

Опис

Овој природен детергент е создаден од желбата да покажам дека почист дом не мора да значи повеќе хемикалии.

Приказната започна во 2022 година, кога за првпат направив детергент за алишта дома. Иако бев скептична, резултатот ме воодушеви. По неколку години споделување рецепти и еколошки навики, решив детергентот да го направам достапен и за оние кои сакаат да изберат готов, природен производ.

Формулата е едноставна и внимателно одбрана – природен сапун од растителни масла, сода за перењеи вода. Без непотребни состојки и со фокус на поедноставен и посвесен начин на перење.

Детергентот доаѓа во стаклена амбалажа која може да ја вратите за повторна употреба и да добиете попуст на следната нарачка. Картонската амбалажа за транспорт е повторно употребена, затоа што верувам дека одржливоста се гради со мали, но свесни избори.

Со секоја нарачка добивате и бесплатен водич за состојките во производите – практична ризница од информации која ќе ви помогне посвесно да избирате што внесувате во вашиот дом.

 

@dance.serafimova
🧺 Што се случува со водата откако ќе заврши перењето?
Најчесто не размислуваме за тоа. Машината завршува, водата се испушта и за нас приказната завршува.
Но, водата од машината не исчезнува.
Таа го напушта нашиот дом заедно со сè што се ослободило при перењето — нечистотии, пот, масла, состојки од детергентот, мириси, бои и ситни влакна од ткаенините.
Потоа продолжува низ канализацискиот систем до постројки за пречистување на отпадните води, а оттаму водата повторно се поврзува со природниот воден циклус. 🌊
Пречистителните станици се исклучително важни, но не секоја супстанција што ја користиме во домаќинството се отстранува целосно. Некои состојки и микровлакна можат да продолжат понатаму во водниот систем.
И тука доаѓа прашањето:
Не е важно само колку добро пере детергентот.
Важно е и што се случува откако ќе заврши перењето.
Секое перење е дел од поголем систем.
💧 вода → 🧺 перење → 🚰 отпадни води → 🌊 воден систем
..последно завршува на нашата трпеза 🐟
Затоа, следниот пат кога ќе ставиш детергент во машината, размисли:
Што испраќам понатаму?
Ние веруваме дека чистите алишта и поголемата грижа за природата можат да одат заедно.
Чистите алишта не треба да значат помалку чиста вода.
Следниот пат кога ќе ја вклучиш машината, размисли што избираш да ставиш во неа.
Ако сакаш посвесен избор за твојот дом — пиши ни во DM и дознај повеќе за нашиот природен детергент.

Дополнителни информации

Големина

2.5 L, 1.5 L

7 прегледи за Природен детергент

  1. Margarita –

    Најмногу ми се допаѓа што е погоден за бели, за шарени, и за бебешки алишта, па нема потреба од повеќе различни детергенти. Плус, природен е, без силни хемикалии

  2. Elena Dimovska –

    Јас се уште сум во неверување дека пере толку добро. Едно пакување за моето двочлено семејство трае долго. Мириса нежно, свежо. Мириса на чисто!! Пробано и на бели и на шарени и на темни алишта, за сите е одличен!

  3. Stojnе –

    Прекрасен производ! 👏
    Во време кога секојдневно сме изложени на различни хемикалии и токсични супстанци, вистинско олеснување е да се користи природен детергент кој е нежен кон кожата и пријателски настроен кон нашето здравје.

  4. Natasha Tolevska (потврден сопственик) –

    Iskreno, nemam dovolno zborovi da iskazam zadovolstvo! Pere odlicno, alistata ne izbleduvaat i po 10 perenja, kako so drugi detergenti. A i konecno mozam da isperam i na raka bez da se grizham za kozhata i da stavam rakavici.
    Koja zena ne naracala da proba, neka ne se dvoumi 🙂

  5. Ангела –

    Моја топла препорака за сите што не го пробале досега. Практично, ефикасно и што е најбитно здраво и безбедно за нас и нашите семејства. Моето фасцинантно искуство е што белите алишта се баш бели и по голем број на перења😍

  6. Mila –

    Презадовлна сум од производот ,препорака за секој што сака да направи промена во својот дом за поздрава и побезбедна иднина на целото семејство .Го користам и за бебешки алишта префектен е !🫶

  7. Irena –

    Јас го користам детергентот веќе две цели години, и откако прв пат го пробав, веќе немам купено друг детергент, што значи презадоволна сум.
    Навистина убаво пере, за разлика од многу други природни детергенти (кои или оставаат непријатен мирис, или не перат као што треба, а имам пробано баш доста други природни детергенти), природниот детергент на Данче пере совршено. Вади флеки, пере убаво на сите температури, не остава непријатен мирис ни во машината, ни на алиштата. Нешто совршено, а природно.

Додај преглед

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *