Без токсини · Без компромис

Твојот дом,
твои правила.

Природен детергент направен од сапун од растителни масла, сода за перење и вода. Безбеден за деца, нежен за кожата, чесен кон тебе.

2.5 Л стакло 41 перење Испорака низ цела држава
Данче Серафимова со кошница алишта и стаклен теглиш природен детергент
📍 Струмица, Македонија
Која е Данче

Ти знаеш како да кажеш не.

Пред да купиш производ, прочитај го составот двапати. Данче помина низ секое ветување на маркетингот — за да не мораш Ти.

Данче изненадена додека го чита ситниот текст на етикетата
01
Го гледаш маркетингот
Данче со скрстени раце, скептична кон рекламни ветувања
02
Не купуваш приказни
Данче применува природен детергент во машина за перење
03
Превземаш контрола
Обиди се

Две намени. Еден производ.

Кликни на картичката и спореди што навистина пишува на обичен детергент со тоа што навистина е внатре во нашиот.

СЕКОЈ ДРУГ ДЕТЕРГЕНТ

"Максимална свежина, 99% сјај"

  • Формула со "активни агенси"
  • "Дерматолошки тестирано*"
  • "Пријатно за околината**"
  • Мирис: "океанска свежина"
* тестирано на 12 луѓе, еднаш. ** во споредба со чист бензин. Целосен состав на задната страна, фонт 4пт.
Допри за да свртиш ↻
ПРИРОДЕН ДЕТЕРГЕНТ

Она што навистина го перe твоето алиште

Сапун од растителни масла
Сода за перење
Вода
2.5Л 41 перења Струмица
Данче ја мириса природната формула на детергентот
Данче мириса чист пешкир испран со природен детергент
♻️

Одржливо перење

Без отпад. Без загадување на водите. Без непотребни емисии. Стаклена амбалажа за повеќекратна употреба, биоразградлива формула од растителни состојки и перење без потреба од омекнувач.

🌍

50.000 помалку пластични амбалажи

За само две години, благодарение на вашата доверба, заедно спречивме создавање на околу 50.000 пластични амбалажи.

🌿

Безбеден за целото семејство

Нежна формула со растителни состојки, без силни синтетички мириси. Ефикасно пере на сите температури, не остава бели траги на темна облека и ги одржува белите алишта блескави.

180 ден
Нарачај

Универзално средство за чистење

2,5 литри во стаклена амбалажа. Безбеден за деца, нежен за кожата и за планетата. Бесплатна испорака за Струмица, Валандово, Гевгелија и Богданци.

Количина
2.5 литри
Перења
≈ 41 перење
Амбалажа
Повратна амбалажа
Достава
Испорака низ цела држава
♻️ Врати го празното шише при следна нарачка и добиваш попуст — помалку пластика, помалку стакло произведено од нула.
Одзиви

Што велат клиентите

★ ★ ★ ★ ★

„Јас го користам детергентот веќе две цели години, и откако прв пат го пробав, веќе немам купено друг детергент, што значи презадоволна сум. Навистина убаво пере, за разлика од многу други природни детергенти (кои или оставаат непријатен мирис, или не перат као што треба, а имам пробано баш доста други природни детергенти), природниот детергент на Данче пере совршено. Вади флеки, пере убаво на сите температури, не остава непријатен мирис ни во машината, ни на алиштата. Нешто совршено, а природно.“

Irena Природен детергент
★ ★ ★ ★ ★

„Презадовлна сум од производот ,препорака за секој што сака да направи промена во својот дом за поздрава и побезбедна иднина на целото семејство .Го користам и за бебешки алишта префектен е !🫶“

Mila Природен детергент
★ ★ ★ ★ ★

„Моја топла препорака за сите што не го пробале досега. Практично, ефикасно и што е најбитно здраво и безбедно за нас и нашите семејства. Моето фасцинантно искуство е што белите алишта се баш бели и по голем број на перења😍“

Ангела Природен детергент
★ ★ ★ ★ ★

„Iskreno, nemam dovolno zborovi da iskazam zadovolstvo! Pere odlicno, alistata ne izbleduvaat i po 10 perenja, kako so drugi detergenti. A i konecno mozam da isperam i na raka bez da se grizham za kozhata i da stavam rakavici. Koja zena ne naracala da proba, neka ne se dvoumi :)“

Natasha Tolevska Природен детергент
★ ★ ★ ★ ★

„Прекрасен производ! 👏 Во време кога секојдневно сме изложени на различни хемикалии и токсични супстанци, вистинско олеснување е да се користи природен детергент кој е нежен кон кожата и пријателски настроен кон нашето здравје.“

Stojnе Природен детергент
★ ★ ★ ★ ★

„Јас се уште сум во неверување дека пере толку добро. Едно пакување за моето двочлено семејство трае долго. Мириса нежно, свежо. Мириса на чисто!! Пробано и на бели и на шарени и на темни алишта, за сите е одличен!“

Elena Dimovska Природен детергент
Портрет на Данче Серафимова
Добредојде во мојот свет
„Ти можеш и знаеш како да кажеш не. Имаш моќ да одлучиш што влегува во твојот дом. Време е да превземеш контрола и да го победиш конзумеризмот.“
Данче Серафимова
Советник за дом без токсини · Струмица