Опис
Low tox дом старт пакетот содржи природни производи за твојот дом ќе ти помогнат да го подобриш имунитетот на твојата фамилија, здравјето на респираторниот систем, спиење без кашлица и иритации.
Сетот содржи универзално средство за чистење од билки наменето за сите површини – дрво, мермер, пвц, стакло, пластика. Билките се рузмарин, цимет, лимон, каранфилче. Ова внимателно одрбрана комбинација ќе ги одстрани бактериите и вирусите од површините и ќе ја исчисти површината, оставајќи чист мирис. Овој производ е безбеден за децата и го прави поволен и за чистење во друштво.
Другиот производ е природен детергент за алишта наменет за сите типови на алишта – бели, парени, црни. Исто така детергентот пере на сите температури. Се дозира 60 мл во барабан најпрв па потоа се ставаат алиштата и се пере стандардно. Детергентот дејствува за чистење и на теписи, седишта за деца, колички за деца, кола, тапациран мебел, столици. Доаѓа во пакување од 720 гр, служи за 12 перења.
Третиот производ е прашак за машинско миење садови. се дозира 15 гр. во преградата за таблети во машина и се пере стандардно. Прашакот содржи сода за перење, сода бикарбона, епсом сол и лимотус. Потребно е да се користи алкохолен оцет во преградата за сјај, за садовите да бидат сјајни.
Четвртиот производ е билен чистач – домашен чистач подготвен со кори од цитруси, алкохолен оцет и вода. средството е погодно за чистење на керамика, кујна и бања, може да служи како течност за сјај во машината или може со него праѓакот за садови да се направи таблета.







